САД не се противат на Европејците за давање оружје на сириската опозиција

САД нема да ги спречуваат европските земји кои најавија дека со оружје ќе ја снабдуваат сириската вооружена опозиција кои се ворат против владата на претседателот Башар ал-Асад, соопшти во понеделникот американски државен секретар Џон Кери.„Претседателот Барак Обама јасно рече дека САД не ги спречува земјите коишто одлучиле да доставуваат оружје (за бунтовниците –з.р.), без разлика тоа е Франција, Велика Британија или кој и да е друг“, изјавил портпаролот Џон Кери на редовниот брифинг со новинарите.Стејт департментот потврди дека сириските авиони и хеликоптери истрелале неколку ракети врз областа на северен Либан и истакна дека тоа претставува „значителна ескалација“.„Авиони и хеликоптери на режимот истрелале ракети врз северен Либан, а тоа претставува значителна ескалација на кршењето на либанскиот суверенитет за што е виновен сирискиот режим“, изјави портпаролката на Стејт департмент, Викторија Нуланд.Сириското министерство за одбрана претходно се закани дек Сирија ќе нападне цели на либанска територија за да спречи „вооружените банди” илегално да навлегуваат на сириска територијa. По што во саботата либанскиот претседател Мишел Сулејман рече дека Либан мора да со спречи преминувањето на борци од својата територија во соседна Сирија.„Мораме да ја сочуваме нашата неутралност. Стабилноста на нашата земја е рабтоа на сите нас…, да не испраќаме активисти во Сирија и да не ги примаме”, изјави либанскиот претседател. Мишел Сулејман додаде дека и` наредил на либанската армија „да ги запре сите борци кои имаат намера да заминат да се борат во Сирија, без оглед на тоа дали се приклучуваат на сириската опозиција или не”.Франција и Велика Британија повикуваат на укинување на ембаргото за оружје за Сирија од Европската унија да да можат да достават оружје на сириската вооружена опозиција.На самитот на челниците на Европската унија што се одржа во петокот во Брисел, беше отфрлена иницијативата што ја поведоа Велика Британија и Франција за укинување на ембаргото за оружје за сириската вооружена опозиција, иако министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ за тоа ќе разговараа и идната седмица. На тоа високата претставничка на Европската унија за надоврешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, во саботата повика на претпазливост околу француско-британската иницијатива за укинување на ембаргото за доставување оружје на сириската опозиција.Кетрин Ештон рече дека ЕУ би требала „внимателно да размисли” за аргументот дека вооружувањето на опозицијата би го присилило сирискиот претседател Башар ал-Асад на преговори. Шефицата на европската дипломатија нагласи дека за таа идеја прво би требало да се разговара и со специјалниот претставник за Сирија на Обединетите нации и Арапската лига, алжирскиот дипломат Лакдар Брахими и со челникот на Сириската национална коалиција, Моаз ал-Катиб и да се пресмета каков ефект би имало укинувањето на ембаргото врз нивните напори да започнат преговорите. „Мораме да бидеме сигурни дека она што би можеле да го направиме нема да го отежне трудот (на преговорите), изјави Ештон.Германија ги предводи засега противниците на француско-британската иницијатвиа, аргументирајќи дека доставувањето на оружје би можела да ги охрабри Русиај и Иран, коишто го поддржуваат претседателот Башар ал-Асад, да ги зголемат испораките на оружје за сириската влада.Дали доставувањето на оружје во Сирија би ја зголемило или намалоло можнсота дека и другите ќе постапат на ист начин? Каков би бил одговорот на Сад на таквиот потег, имајќи предвид дека како досега реагираше? Дали тоа би го сопрело или забрзало убивањето”, запраша Ештон во врска со настојчивоста на Париз и Лондон да се укине ембаргото на ЕУ за оружје за Сирија коешто по автоматизам се обновува секо три месеца, а последен пат на 1-ви март.Американскиот претседател Барак Обама верува дека сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да замине од власта, изјавил државниот секретар Кери по состанокот со австралискиот министер за надворешни работи Боб Кар.Државниот секретар на САД повтори дека американскиот претседател „ќе продолжи да ги проценува сите други опции кои му стојат на располагање за да ја оствари таа цел“, рекол Кери, потсетувајќи дека САД испраќаат хуманитарна помош за бунтовниците во Сирија.„Асад прима помош од ИРанците, од елементите како Ал Каеда, од Хезболах, а очигледно прима помош и преку Русија. Ако мисли дека силата ќе му мине, тогаш целиот регион и светот имаат проблем“, заклучил Кери.
МакфаксСАД нема да ги спречуваат европските земји кои најавија дека со оружје ќе ја снабдуваат сириската вооружена опоз

Пронајдете не на следниве мрежи: