Самарас на министрите за внатрешни работи и за туризам им наредил да заминат на Санторини за да се реши проблемот со струјата

Жителите на Санторини се гневни од последниот испад во електричната мрежа, откако синоќа нова хаварија овој остров го остави без струја.Четврти ден овој остров е во темница, а досега електрична енергија имаше само во некои реони, откако пожар во електроцентралата ја запре дистрибуцијата на струја.Грчкото радио Скај коментира дека во владата е крената тревога и дека премиерот Андонис Самарас, кој во моментов е на одмор, на министрите за внатрешни работи и за туризам им наредил да заминат на островот и да дејствуваат за отстранување на оштетувањето и за обновување на испораката на струја.
Од грчката Национална електрична компанија уверуваат дека до вечер островот ќе добие електрична енергија за над 30 мегавати. И покрај тоа, компанијата побара од потрошувачите да ја ограничат потрошувачката на струја до најнеопходните нивоа, за да нема преоптоварување на мрежата.
извор:нетпресЧетврти ден овој остров е во темница, а досега електрична енергија имаше само во некои реони, откако пожар во електроц

Пронајдете не на следниве мрежи: