Самарас побегнал од дуел со премиерот Груевски

Loading...

Претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Ишингер, ги поканил премиерите Самарас и Груевски на панел-дискусија, која би ја модерирал Филе, да дебатираат за спорот за името, но грчкиот премиер одбилАтина неодамна одбила уште една понуда за директна средба меѓу премиерите на Грција и на Македонија, Андонис Самарас и Никола Груевски, која би ја модерирал претставник на Европската комисија, дознава „Дневник“. Германскиот дипломат, амбасадорот Волфганг Ишингер, пред неколку месеци испратил писма до двајцата премиери да учествуваат на годинашнава Минхенска конференција за безбедност, на која на панел-дискусија би разговарале за прашањето за името.
Дипломатски извори потврдуваат за „Дневник“ дека поканата била испратена од Ишингер, кој е претседавач на Минхенската конференција. Според нашите извори, Ишингер предложил специјална дискусија за проблемот за името, која би се одржала на 2 февруари годинава на последниот ден од Минхенската конференција.
Освен Самарас и Груевски, поканет би бил и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој ќе ја има улогата на модератор, но не се наведуваат други учесници на панелот за кој се предвидува да се одвива од 9 до 10 часот во хотелот „Бајерише Хоф“ во Минхен каде што и ќе се одржува конференцијата, која се отвора на 31 јануари.
„Дневник“ неофицијално дознава дека Самарас ја одбил поканата, со тоа што за јавноста не се познати причините поради кои грчкиот премиер одбил уште една можност за средба со македонскиот колега, на која би разговарал за проблемот број еден кој ја кочи Македонија во евро-атлантските интегративни процеси.
Србија и Kосово можат
Kако што дознаваме, во Минхен ќе се организира средба со сличен формат со учество на премиерите на Kосово и на Србија, а посредник ќе биде високата претставничка на ЕУ, бароницата Kетрин Ештон.
Од македонската влада ни ја потврдија информацијата дека Груевски добил писмо од Ишингер и оти премиерот веднаш дал согласност за идејата.
Организаторот на конференцијата за „Дневник“ не појасни зошто Самарас одбил.
– Не сме во состојба детално да ви одговориме на прашањата поради тоа што сме на средина на подготовките за конференцијата, па оттука и темите за дискусија и присуството на поканетите с` уште можат да трпат измени. Исто така, немаме увид во начинот на кој нашите поканети одлучуваат дали ќе учествуваат на конференцијата, па ве упатуваме да ги контактирате конкретните владини канцеларии во земјите за кои ве интересира – ни одговори претставник на Минхенската конференција.
Самарас и претходно одби
„Дневник“ се обрати до владиниот кабинет во Атина, односно до одделот за комуникација со медиуми во кабинетот на Самарас, но од таму и по неколку дена, не добивме одговор.
Инаку, ова не е првпат Грција да одбие директно соочување со претставници на Република Македонија. Претходно Атина ја одби поканата на еврокомесарот Штефан Филе, кој писмено ги покани на трилатерална средба министрите Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос.
Минатата година Самарас не одговори позитивно ни на поканата на македонскиот премиер Груевски тие двајцата да седнат на маса и да почнат да го решаваат проблемот меѓу двете земји.
ВО МИНХЕН ДОАЃААТ 150 СВ

ЕТСКИ ДРЖАВНИЦИ
Оваа година Минхенската конференција е јубилејна, 50. по ред. Цели пет децении Минхенската конференција за безбедност претставува најважен и клучен годишен собир на кој се носат и се планираат стратешки прашања за меѓународната заедница. Од кога е основана, во 1963 година, на овој форум присуствуваа стотици претседатели, премиери, министрите за одбрана и за надворешни работи на САД, Kина, Индија, како и од сите европски земји. Kако што дознава „Дневник“, и годинава највлијателните луѓе во светот, не само во политичкиот живот туку и пошироко, веќе го потврдиле своето учество. Главните дискусии ќе се однесуваат, пред с`, на актуелните светски предизвици: Сирија, Иран, потоа улогата на Европа во светот, информатичката безбедност, климатските промени и други важни светски прашања, како што е конфликтот во Украина. Според нашите информации, над 150 учесници од сите земји во светот веќе го потврдиле своето учество. Меѓу нив е и генералниот секретар на ОН, Бан Kи-мун, претседателите на Бугарија и на Романија, поранешниот заменик-премиер и министер за одбрана на Израел, Ехуд Барак, поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј и многу други.
KНИГА ЗА ПЕТТЕ ДЕЦЕНИИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА
Во Германија утре ќе биде промовирана книгата „Kон заемна безбедност – 50 години Минхенска безбедносна конференција“. Kнигата започнува со годишните пораки на германската канцеларка Ангела Меркел и на американскиот заменик-претседател Џозеф Бајден. Автори се поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит, американскиот државен секретар Џон Kери, американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел, американскиот сенатор Џон Мекејн, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, како и неговите колеги Kарл Билт од Шведска и Радослав Шикорски од Полска.
Извор: Дневник.мкАтина неодамна одбила уште една понуда за директна средба меѓу премиерите на Грција и на Македонија, Андонис Самарас и Никола Груевски, која би ја

loading...
Loading...