Според официјалната Јутјуб статистика, хитот „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ во изведба на Ален Хасановиќ на телевизиското шоу „Ѕвездите на Гранд“ сезона 2014/2015 во моментов има гледаност од над 1,097,000 прегледи, а со тоа е најгледаното видео од новата сезона, но и 20-то по ред најгледано видео од постоењето на Јутјуб каналот во сопственост на „Гранд“ продукција.
Хасановиќ со оваа изведба успеа да го воодушеви жирито, но и да го освои регионот. Шабан Шаулиќ тогаш, за еден српски медиум изјави:
– Овој дечко има неверојатен глас и голема контрола на него!
Проектот за афирмација и заштита на македонската забавна музика „Сите наши песни“ во реализација на МРТВ беше вистинска отскокна штица за Ален, а победата со своја авторска песна на „Канео Фест 2014“ во Охрид и честа пред 20.000 публика да го отвори големиот балкански фестивал „Стари Град“ во Нови Пазар доволен мотив за силно да заплови во музичкиот свет.
Од овој викенд започна вториот круг од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ каде наизменично настапуваат по двајца кандидати и се избира подобриот со што тој директно се пласира понатаму во шоуто, без да пее бараж.
Во прилог, слушнете ја неговата изведба на песната „Као моја мати“:Според официјалната Јутјуб статистика, хитот „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ во изведба на Ален Хасановиќ на телевизиското шоу „



