Самсоненко со насолзени очи: Горд сум на овој македонски народ

Шампионите на Европа денеска поминаа под Триумфалната порта, а пред илјадниците фанови и граѓани на плоштадот Македонија се обрати и Сергеј Самсоненко-сопственикот на ракометниот клуб Вардар.Самсоненко им се заблагодари на навивачите за огромната поддршка што клубот ја имаше во текот на целата сезона како и во претходните години.
– На почетокот на сезоната дојдоа нови играчи. Јас разговарав со Чипиќ кој ми рече: „Шефе паметно работиш, ме зема мена за да ја освоиш Лигата на шампионите“. Арпад ми рече пред тргнувањето во Келн да се правиме како да сме туристи, а да одиме таму за да го освоиме трофејот. И го освоивме. Сакам да ви кажам дека пред финалето, на состанок им кажав: „Само нашите навивачи слушајте ги, друго ништо“. Кај вас има посебна енергија и ние ја чувствуваме. И денеска кога доаѓавме од аеродром гледав многу луѓе со солзи радосници и со исполнети срца. Уште еднаш благодарам многу, ова е ваша заслуга, рече Самсоненко.
-Поради вас срцето ми чука надвор од телото, длабок поклон до македонскиот народ, вие сте наше се, вели Самсоненко.Самсоненко им се заблагодари на навивачите за огромната поддршка што клубот ја имаше во текот на целата сезона како и во претходните години.

Пронајдете не на следниве мрежи: