Пејачката Сања Лефкова веќе извесен период е во врска со Мики, кој е угостител и сопственик на еден познат локал во Скопје. Сaња не ја крие заљубеноста, а дека љубовта и цвета потврдува и таа самата.„Пресреќна сум, убаво ни е. Не знам што повеќе да кажам. Заљубена сум и тоа е најважно“, изјавила Сања за Вечер.
Таа и Мики се познаваат долги години. Најпрвин биле пријатели, а потоа пријателството прераснало во љубов.
„Се знаеме многу време. Бевме пријатели. Спонтано се случи се и еве дојде време и официјално да и го претставам на јавноста“, вели убавата пејачка од Кочани.
Мики ја освоил со својата скромност и внимание и токму тоа е она што најмногу ја импресионирало пејачката.
„Скромен е, внимателен, ми обрнува внимание. Исто така е и многу искрен и тоа навистина ми значи“, откри Сања.
Таа новогодишната ноќ ќе ја помине во едно скопско кафуле каде ќе ги забавува гостите, а веднаш после настапот заминува на заслужен зимски одмор со саканиот.
„Пресреќна сум, убаво ни е. Не знам што повеќе да кажам. Заљубена сум и тоа е најважно“, изјавила Сања за Вечер.
Таа и Мики се



