Шарената револуција пред колапс по успешноста на Брегзит

Според резултатите од преброените гласови од сите избирачки окрузи, 17.410.742 избирачи или 51,9 отсто се изјасниле за излез на Велика Британија од ЕУ, додека 16.151.241 или 48,1 проценти гласале за останување на земјата во Унијата.Брегзит доживеа успех, а со тоа беа потресени темелите на ЕУ, со оглед на тврдењата дека Европа е обединета и се типуваше пропаѓањето на Брегзит.
Разидувањето на Британија со ЕУ донесе нови проблеми од економска, политичка и социјална природа, а последиците наскоро ќе се почувствуваат во светот, а пред се` во Британија.
Веќе дојде до пад на цената на нафтата и ослабнување на фунтата, со што веќе наредните денови Британија ќе се соочи со последиците од изјаснувањето. Британскиот премиер Дејвид Камерон поднесе оставка, пришто наведе дека нема да биде зад кормилото за да ја води земјата во друга насока.
Цветин Чилиманов му одржа лекција на Борјан Јовановски
Проопозициските новинари во земјава со неверување ја дочекаа оваа вест, пред се` поради тоа што се потпираа на поддршката на британскиот амбасадор Чарлс Гарет во обидот за формирање на преодна власт во Македонија. Олеснувачите од страна ги чекаат други проблеми, поради ударот кој им го зададе Брегзит. Испадна дека Македонија не е единствената земја во која владее мнозинското мислење дека влегувањето во ЕУ може да донесе проблеми, токму поради овој потег на Британија да си замине. Зависноста на ЕУ од Америка може скапо да чини, а Британија сега е оставена сама да го бира својот пат.
Брегзит ќе се одрази и врз Шарената револуција, па одењето по странски амбасади може да биде одложено за подолго време. Можниот распад на унијата е побитен од исполнувањето на каприците на локалните политичари и нивните гласила.
Свој став околу Брегзит имаше и д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на РМ:

Еве го специјалистот за се и сешто. Се јави. Навистина се јави. https://t.co/hab8GemehK
— Филип Петровски (@filippetrovski) June 24, 2016
Брегзит доживеа успех, а со тоа беа потресени темелите на ЕУ, со оглед на тврдењата дека Европа е обединета и се типуваше пропаѓањето на Брегзит.

Пронајдете не на следниве мрежи: