„Саша Поповиќ не сакаше да ме вработи бидејќи сум дебела“

Водителката на „Гранд парада“ Драгана Катиќ откри дека долго чекала за состанок со директорот на продукцијата Саша Поповиќ кој ја избегнувал бидејќи слушнал дека е многу дебела.- После порoдувањето бев малку покрупна, дури и синот на една другарка ми рече дека изгледам како сумо борач. Подоцна успеав да ослабам и да ги вратам старите килограми. Ми се јави тогашната колешка Зорица и ми кажа дека Саша и Брена отварат продукција и дека ме предложила за водителка.

Поповиќ бил заинтересиран за соработка со мене, но слушнал дека сум многу дебела. Сепак, таа го убедила да ме повика, бидејќи повеќе не сум таква. Ме советуваше за состанокот да облечам мини здолниште, но преку тоа да облечам нешто долго и широко. Така и направив. Саша ми ја отвори вратата и со нетрпение очекуваше да ја соблечам бундата. А потоа извика: „Ах, зошто лажат! Не си дебела! Супер изгледаш“ – рече Драгана во емисијата „Од профил“.

– После порoдувањето бев малку покрупна, дури и синот на една другарка ми рече дека изгледам како сумо борач

Пронајдете не на следниве мрежи: