Саше Политико ја откри стратегијата на СДСМ

Loading...

Уредникот на порталот Мактел, Саше Ивановски-Политико во својата најнова колумна ја открива  стратегијата на социјалдемократите, преку популизам да стигнат до власт.Политико во новата колумна го напаѓа Љубомир Фрчкоски и му порачува дека време е тој и Љубчо Георгиевски по примерот на Бранко Црвенковски да се повлечат. Ивановски смета дека СДСМ преку популизам треба да дојде на власт и вели дека „од позиција на опозиција Заев и СДСМ никад нема да успеат да го сменат тој правец на нацијата каде е сега зацепана, тоа ќе може да го стори само од позиција на власт кога ќе ги земе уздите од коњите на кочијата во свои раце“.
Тој смета дека СДСМ треба да изглуми популизам за да стигне до власт, а после да продолжи по старо. За таа цел тој пишува дека на СДСМ им се неопходни минимум два милиони евра за медиум и силна пропаганда.
„Работата е како да се освои кочијата, како од оваа поразителна состојба опозицијата да успее да го пробие штитот на пропагандата и медиумскиот мрак а тоа е само со две методи: популизам или барем 2 милиона евра сува пара годишно не за ебени семинари у Марово и Романтик  у Велес туку за директна опозициска пропаганда и силни медиуми и тоа под услов да ни дадат тв лиценца, а курац шо ќе ни дадат“, пишува Политико.
Toj му порачува на Фрчкоски дека треска и тешка глупост со запрашувањето зошто народот би гласал за СДСМ ако станат популисти. Политико понатаму во колумната проодлжува со откривање на стратегија на социјалдемократите, дека привремено треба да изглумат.
„Ти кажувам дека привремено треба да изглумиме талибанци затоа што во спротивно и тие 1000 твои либерали и демократи ќе ги снема ќе останеме сами само ГЕМ, управниот одбор на Сорос ти ја и уште неколку од џез фестивалот и вработените во ЕУ инфоцентарот и америчката амбасада и оној жалниот ЛГБТ центарот кој заедно го отваравме у стара чаршија, се друго што е нормално ќе избега од државата, процес кој веќе трае во полн ек“, му порачува Ивановски на Фрчкоски.
Медиумската кавга која се одвива помеѓу медиумските првенци на СДСМ покажуваа дека постои длабока поделеност во најголемата опозициска партија.
Од таа кавга, која започна од преписка помеѓу Саше Политико, (кој инаку важи за близок до претседателот на СДСМ Зоран Заев и редовно брифиран за ставовите и политиките на СДСМ), со новинарот и поддржувач на СДСМ, Бранко Героски, а на која се надоврзаа и Владимир Милчин и Љубомир Фрчкоски можеше да се дознае за тоа дека Сорос на Милчин контролира мрежа од над 100 невладини и околу 20 портали и медиуми во државата кои се поддржани од Институтот Отворено Општество, според тврдењата на Ивановски.

„Ти Владе имаш мрежа од над 100 невладини и околу 20 портали и медиуми во државава и ако тоа не е воопшто доволно за бутање на Грујо тогаш е сосема доволно за правење многу проблеми во опозицијата ако нејзините политички лидери не те слушаат тебе“, му порача Ивановски на Милчин.
Од друга страна, Милчин му замерува на раководството на СДСМ поради фаворизирањето на Саше Политико. Тој во својата колумна напиша дека уредникот на Мактел е обичен курир кој пренесува туѓи пораки.
„Ме прашуваат зошто сум му обраќал внимание на Саше Политико. Мојот одговор гласи: Зашто е курир, пренесува туѓи пораки. И не е првиот таков продукт на кујните во некогашната „Бихаќка“. Приказната е веќе скиселена“, напиша Милчин.

 
Ивановски пак, му замерува на СДСМ бидејќи е заложник на Сорос и новинарите кои се финансирани од Сорос..
-Од друга страна СДСМ е заложник на Сорос и новинарите финансирани од Сорос затоа што Сорос ги плаќа. Па така СДСМ не смее да мрдне надвор од трасата која му ја одредува Милчин и ГЕМ инаку ќе биде нападнат или пак ќе изостане подршката на десетиците портали и медиуми кои се платени од Сорос, напиша Политико во својата колумна.Политико во новата колумна го напаѓа Љубомир Фрчкоски и му порачува дека време е тој и Љубчо Георгиевски по примерот на Бранко Црвенковски да се по

loading...
Loading...