Сценарио исто како „Диво насеље“: Соопштението на Амбасадата на САД ги обелодени крвавите планови на Заев!

Соопштението на Американската амбасада во Република Македонија во кое се апелира до американските грѓани на земјава да избегнуваат собири на групи луѓе дента кога се одржуваат парламентарните избори (11 декември), ја подели јавноста.Секогаш кога Македонија се наоѓа на чекор до конечна разврска на битни случувања и се наѕира решение за излез од кризата во која се наоѓа веќе 2 години, на површива испливуваат темни сценарија за вооружени напади.
Да се навратиме на вооружената престрелка во Куманово која претставуваше полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група и која траеше на 9 и на 10 мај 2015 година во Куманово.
Полициската акција се одвиваше во кумановската населба „Диво насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е75.
Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај.
Акцијата заврши со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, која дел ѝ се предале на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај.
Да потенцираме дека настаните во Куманово се случија во период на сериозна политичка криза во Македонија и во период кога, од 5 мај, започнаа антивладини протести.
Тогаш на чело на МВР беше министерката Гордана Јанкуловска. За разлика од сегашниот нејзин заменик, таа успешно спроведе акција за сузбивање на терористите на територијата на Македонија. Сегашниот министер излегува на протести против Владата и полициските структури и е нем и глув на провокации издадени преку соопштенија на странски амбасади кои предизвикуваат страв кај Македонците.
Медиумите блиски до опозицијата успешно спинуваа вест дека загинале цивили при полициската акција, а под палката на Амбасадата на САД колективно „жалеа“ за непостоечки жртви. Единствени жртви беа македонските полицајци кои ги жртвуваа своите животи за да го повратат мирот во земјата.
Коцката повторно е фрлена за претстојните избори. Не е случајно што се кршат копјата на спротиставените светски политичари пред изборите, со оглед ако се земе фактот дека досега ниту едни избори во историјата на Македонија не беа будно следени како овие.
Од друга страна, амбасадата на САД ги разгорува тензиите со предупредувања за можни немири, а медиумите спонзорирани од Сорос веднаш потрчаа да го пренесат тоа. Заев најави пуштање на бомбата за Смилковско Езеро која никако досега не успеа да ја пушти (и покрај многуте најави).
Причина за тоа?
Според партиски извори од СДСМ, високи челници од амбасадата на САД го спречиле во тоа за да не дојде до немири. Истите тие извори наведуваат дека во земјава се распоредени специјални сили на САД за да интервенираат при можни конфликти. Но, на чија страна?
Истата амбасада најавува можни немири, додека македонските извори за разузнавање дојдоа до информации дека Заев наголемо преговара со албански структури за предизвикување конфликт дента на изборите.
Заштитен од раката на САД, Заев предизборно чепка во болните случки кои Македонија ја завија во црно и си игра со правдољубивоста на граѓаните кои нетрпеливо чекаат валканите сценарија на оваа партија да завршат со пресуда за сите клевети и лаги.
Факт е дека од двете спротиставени страни се најавуваат можни немири. Главна задача на секој Македонец е во недела со смирена глава да излезе на избори, да не одговара на провокации и да гласа за демократска и слободна Македонија.Секогаш кога Македонија се наоѓа на чекор до конечна разврска на битни случувања и се наѕира решение за излез од кризата во која се наоѓа веќе 2 го

Пронајдете не на следниве мрежи: