петок, 13 ноември 2026
Најново

Сценариото на новата влада за отворени граници и виткање на кичмата го потпалува национализмот околу Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Овие денови сме сведоци на уште еден удар и на обид за разнебитување на македонската држава и уништување на нејзиниот суверенитет и национален идентитет, не е воопшто избран и тајмингот кои што се случуваа сето ова и реализирањето на ова подолго очекувано сценарио за политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ, вели Цветин Чилиманов на денешната трибина во организација на Павел Шатев.Јасно е дека на организаторите на ова сценарио неколку години по ред им се брза што поскоро да ја завршат работата со постоењето на македонска држава и да ја стават под контрола единствената политичка партија која е гарантор за независна и суверена македонска држава и поради тоа сме сведоци на правни бламирања, медиумски хајки, специјална пропаганда против партијата ВМРО-ДПМНЕ и против сите родољубиви Македонци кои во изминативе три и повеќе години застанаа во бранење на државата. Сведоци сме дека претставници на новата влада која е формирана под сомнителни околности зборуваат за отворени граници, отворено даваат коментари кои што јасно покажуваат дека се порачани од други соседни градови, од прифаќањето на Тиранската платформа до нивните изјави дека ќе ја виткаат кичмата во преговорите со Грција и конечно настапот и кон соседна Бугарија и јасно е дека сето ова го потпалува национализмот околу Македонија, потенцираше Чилиманов.
Тој истакна и дека исклучително опасно за државата е ваквото сценарио кои има за цел да ја продлабочува кризата во Република Македонија.Јасно е дека на организаторите на ова сценарио неколку години по ред им се брза што поскоро да ја завршат работата со постоењето на македонска држа

Поврзани вести