СДС ги укина средствата за изградба на дом за стари лица

Недозволиво е готов проект за изградба на дом за стари лица да не отпочне да се гради, само затоа што Владата на СДС средствата за ова ги укинала и веројатно ги пренаменила  за партиски вработувања, изјави на денешната прес-конференција Зоран Костовски, советник во општина Гази Баба.Вели дека локалната самоуправа направи се, во насока на изградбата на домот за стари и изнемоштени лица со капацитет од 170 легла.
-Како советници донесовме одлука и се усвои планот тука да се изгради нов старечки дом. За таа цел е утврден детален урбанистички план, подготвена е документација, а од надлежните институции изготвен е проект со кој требаше да се отпочне со изградба на објект со површина  4.723 м/2 на градежна парцела од 1.543 м/2. Објектот беше предвиден да биде со подрум, приземје и 5 ката како и подземна гаража од 1.200 м/2. Се беше подготвено само новата влада требаше да почне да го гради. Но за жал оваа неодговрна влада на СДС покажа дека не се грижи за потребите на старите лица од нашата општина и од целиот Град Скопје. Овој дом беше наменет за маргинализираните категории стари лица и сега тие нема да имаат можност да го користат затоа што на СДС тоа очигледно не им е во приоритетите, истакна Костовски.
Тој побара Владата да ја врати ставката од 28 милиони денари во Буџетот кои беа наменети за изградбата на овој дом за стари лица во Гази Баба и веднаш потоа да отпочне изградбата.
-Овој дом е потребен за нашата општина, но истовремено е барање и на пензионерските здруженија. Владата треба да биде доблесна и да прифати дека згрешила, да ја исправи својата погрешна одлука и да покаже дека не ги лажела граѓаните на изборите кога ветувала дека ќе се грижи за сите, вклучително и за старите лица и пензионерите и нивните потреби и барања, рече Костовски.Вели дека локалната самоуправа направи се, во насока на изградбата на домот за стари и изнемоштени лица со капацитет од 170 легла.
-Како со

Пронајдете не на следниве мрежи: