СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата

СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата. Поради нивната антидржавна политичка кампања што ја водеа минатата година, сега граѓаните плаќаат 20 милиони евра повисока кампања, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ  на соопштението на Министерството за финансии.Благодарение на писмата кои тие како партија ги пишуваа до инвеститорите и ги повикуваа да не ја купуваат еврообврзницата тие ги чинеа македонските граѓани 20 милиони евра.
Ова беше рамно на финансиски тероризам против својата земја.
Сега хипокризијата во СДС го достигна врвот. Сега тие лицемерно изјавуваат дека затоа што се поправила политичката ситуација се намалила каматата. СДС беше причината за кризата. СДС беше партијата која креираше хистерија и тоа беше причината за повисоката камата.
Пазарот на пари беше и тогаш и сега ликвиден, односно има пари, но СДС секогаш е причината поради кои граѓаните скапо плаќаат. Вака ќе биде ситуацијата со пазарот на пари се до следната хистерија која СДС ќе ја предизвика.Благодарение на писмата кои тие како партија ги пишуваа до инвеститорите и ги повикуваа да не ја купуваат еврообврзницата тие ги чинеа македонските

Пронајдете не на следниве мрежи: