четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ денес ќе ги претстави кандидатите за пратеници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 21. Конгрес.  Конгресот ќе се одржи во хотелот„ Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 14 часот. Медиумите ќе имаат можност да го проследат првиот дел на Конгресот, додека работниот дел ќе биде затворен. Крајот на Конгресот ќе биде повторно отворен за медиумите.
Вчера во СДСМ течеа интензивни преговори околу тоа кој ќе биде на листите и како ќе биде позициониран.
Според неофицијалните информации, ЛДП и НСДП ќе добијат по две сигурни позиции. Овие партии на предходните избори имаат по тројца пратеници. Партиите на Ердоган Сарач,Лилјана Поповска, Фијат Цановски ќе имаат по едно пратеничко место. На листите најмалку три добитни места се резервирани за Шарената револуција меѓу кои сигурен е Павле Богоевски, а планот неофицијално е во секоја изборна единица да има избран по еден независен интелектуалец.
Сигурни носители на листите се Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, а за другите три позиции можни кандидати се Стево Пендаровски, Рената Дескоска, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Горан Сугаревски. За правата изборна единица дилемата била меѓу Пендаровски и Шекеринска. Конгресот ќе се одржи во хотелот„ Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 14 часот. Медиумите ќе имаат можност да го прос

Поврзани вести