СДСМ ќе штеди на студентите и младите: Им скратија оброк за повеќе пари во буџетот

„Планот за живот во Македонија“ со кој Заев ветуваше се и сешто пред изборите, по првите 100 дена откако е на власт, повеќе личи на план за богатење на неговиот потесен круг и масовно вработување на „шарените“. Раководството на СДСМ јавно ветуваше дека ќе ги врателе младите во Македонија, но тоа не само што се уште не селучи, туку и на оние кои тука се образуваат во својата татковина им ускратија една работа на која сметаа изминативе години.„Планот за живот во Македонија“ со кој Заев ветуваше се и сешто пред изборите, по првите 100 дена откако е на власт, повеќе личи на план за богатење на неговиот потесен круг и масовно вработување на „шарените“. Раководството на СДСМ јавно ветуваше дека ќе ги врателе младите во Македонија, но тоа не само што се уште не селучи, туку и на оние кои тука се образуваат во својата татковина им ускратија една работа на која сметаа изминативе години.
По низата укинувања и стопирања на мерки наменети за студентите, меѓу кои згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери, најновата одлука на раководните структури од партијата на Зоран Заев која ја шокираше јавноста предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домовите “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“.
Па така, отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.
Дали директорот на Државниот студентски центар под чија надлежност се овие три домови, индивидуално оценил дека студентите немаат потреба од појадок, или пак, одлуката е изнудена поради кратењето на цели 1,5 милијарди денари од буџетот за образование, останува нејасно, бидејќи раководството на домот не одговори на нашите повици.
Во меѓувреме, студентите секојдневно го изразуваат своето незадоволство, особено на на социјалните мрежи. Неодамна се побунија и поради појавата на инсекти во храната која им се служи.
Студентите кои претојуваат во овие домови, чија бројка е околу 3.000, имаат намера да организираат масовни протести, доколку управата не ја промени одлуката да добиваат по три дневни оброци и доколку не се преземе ништо за подобрување на квалитетот на истите.
Според информациите до кои дојдовме, нивниот револт е уште поголем и поради фактот што модерните перални и сушални кои ги набави претходната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, се уште не се функција поради тоа што лицата кои се обучени да раководат со истите, наместо да работат според описот на работните обврски од нивните работни места, добиле други задачи.
Студентите со кои разговаравме сметаат дека се изманипулирани од кадрите на СДСМ, како Стефан Богоев, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ кои кон крајот на минатата година беа чести посетители во студентските мензи и кафулиња, ветувајќи драстични промени на стандардот по доаѓањето на власт.

Велат, животот кој им беше ветуван, најверојатно е живот во странство, не во Македонија.
Се претставуваа како граѓански активисти, а истовремено беа финансиери на СДСМ. Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ за она што го сработија беа наградени со функција и станаа пратеници на СДСМ. Според информациите кои се појавија во медиумите, Богоевски освен со пратеничко место бил награден и со 900.000 денари. Дополнително на овие 900.000 денари,  Богоевски во периодот 2014-2015 година добил плус 740.000 денари за неговата активност, објави неодамна „Журнал“.
 
Додека овие лица се богатат, студентите останаа без доручек.
Останува нејасно за идните академски граѓани кои решиле да ги користат услугите на студентските домови дали на некој друг начин ќе се надоместува укинатиот појадок или ќе треба да го плаќаат од сопствениот џеб. Ова е само дел од низата мерки кој се укинаа  во образовниот систем по формирањето на новата Влада.
Укинувањето на диспензираните студии предизвика лавина на негативни реакции како и од студентите така и од граѓаните кој велат дека не секое семејство може да си дозволи од финансиски причини студирање во други градови .Покрај тоа што студентите од оваа година не можат да се запишат на овие студии на најстариот универзитет во Македонија, од Министерството за образование и наука соопштија дека одредени дисперзирани студии на другите Универзитети ќе бидат редуцирани
Дополнителен удар за студентите беше и кратењето на 155 милиони денари планирани за студентските домови кое се усвои со ребалансот на буџетот.
Младинската гаранција – уште една лага на СДСМ
Младинската гаранција ја ветуваше цел партиски врв на СДСМ, сите актуелни министри и кандидати за градоначалници. Партиската заменичка на Заев и министер за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ Стефан Богоев, сите ветуваа младинска гаранција! И сите до еден ги ставија младите на маргините.
 „Планот за живот во Македонија“ со кој Заев ветуваше се и сешто пред изборите, по првите 100 дена откако е на власт, повеќе личи на пла

Пронајдете не на следниве мрежи: