СДСМ мора јавно и јасно да се откаже од Тиранската Платформа

Ако СДСМ и Зоран Заев навистина искрено се залагаат за унитарна и мултиетничка Македонија, а не бинационална држава, тогаш јасно и гласно Зоран Заев ќе излезе и ќе каже дека ја одбива Тиранската Платформа и елементите содржани во неа, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
За жал ниту СДСМ ниту Зоран Заев не излегуваат со одбивање на Тиранската Платформа и подготвени се да предводат Тиранска Влада базирана на темели на Платформа формирана во странска држава под диктат на странски премиер.
Тие дури одат до таму и велат дека ќе дебатираат по прашања кои се од национален и државен интерес, консултирајќи партиски експерти од потписниците на Тиранската Платформа.
Резултатот од тоа е јасен, во фази да се оствари редефинирање на државата, менување на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи, прогласување на геноцид врз Албанци спроведен од АСНОМ, 1944-та до 1956-та година и редица други одлуки кои го погазуваат интегритетот и идентитетот на македонската држава.
ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.
ВМРО-ДПМНЕ сеуште стои на позицијата дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение од кризата, бидејќи граѓаните тогаш ќе може јасно да одлучат дали поддржуваат Тиранска Платформа и елементи содржани во неа. Впрочем токму изборите се најдобрата дебата за прашања од национален и државен интерес. СДСМ доколку процени дека треба Тиранската Платформа да се реализира, тогаш нека ја вметне во својата изборна програма, па нека ја побара поддршката од граѓаните, наместо да им прави изборни измами со наводни планови за живот, кои на крајот се претворија во планови за редефинирање на Македонија.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
За жал ниту СДСМ ниту Зоран Заев не излегув

Пронајдете не на следниве мрежи: