СДСМ не може да се помири со меѓународната поддршка што ја добива ВМРО-ДПМНЕ

Лагите и манипулациите на лидерот на СДСМ Зоран Заев со секој изминат ден се рушат како кула од карти, а со тоа до небо растат фрустрациите на членовите и симпатизерите на СДСМ.Како што наближува денот на гласање станува се појасно дека Заев бесрамно ги лажел и неговите најблиски соработници и целата македонска јавност дека ВМРО- ДПМНЕ е изолирана и ја нема меѓународната поддршка, надевајќи се дека на тој начин барем малку ќе ја подобри својата позиција во кампањата.
Вчерашниот најголем досега предизборен митинг кој го одржа ВМРО-ДПМНЕ го покажа токму спротивното. ВМРО ДПМНЕ не само што ја има мнозинската поддршка од македонскиот народ, туку ја има поддршката и на владејачките германски и австриски партии кои во ВМРО-ДПМНЕ гледаат сериозен и доверлив партнер и за наредните четири години.
Невиден бес и гнев, дури и меѓу највисокото раководство на СДСМ, предизвика настапот на актуелниот австриски министер за надворешни работи  кој во името на неговата австриска народна партија, и посака многу среќа на ВМРО-ДПМНЕ и многу енергија во изборната кампања.
-Особено сум благодарен за подршката што ја добивме од страна на Македонија во 2015 и 2016 година. Бегалската криза беше голем предизвик за Австрија. Во 2015 година 90 илјади бегалци дојдоа во Австрија, а преку 1 милион ја минаа нашата држава. Без вашата Влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што не подржавте во оваа особено тешка состојба за нас, рече Курц пред големата маса луѓе на вечерашниот митинг и додаде дека ова е мошне импресивен собир.

 

Многу недолични коментари кои се на работ дури и на дипломатски скандал од страна на видни членови и аналитичари на СДСМ ги преплавија социјалните мрежи. Меѓу коментаторите се и Едмонд Адеми, Ивор Мицковски, Зоран Фидановски кој член во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Бранко Тричковски…Како што наближува денот на гласање станува се појасно дека Заев бесрамно ги лажел и неговите најблиски соработници и целата македонска јавност дек

Пронајдете не на следниве мрежи: