СДСМ пати од „фригидна ебалорација“

Што добро може да се каже за делегати на партиски конгрес кои за свој водач избираат човек кој изговорил такви по квалитет глупости, дал толку компрoмитирачки и за умот и за разумот изјави? Дали се тие разумни и одговорни луѓе? А што да се мисли за етичноста и разумот на Радмила Шеќеринска која прифатила да му биде десна рака на градоначалников кој тукушто изјави дека ,,имал намера во СДСМ да го внесе својот менталитет“.
Се сеќавате на Сара Пејлин? Гувернерката на Алјаска која во претседателската трка на Џон Мекеин беше номинирана како иден потпреседател на САД? А се сеќавате ли дека госпоѓата која нагло беше осветлена од рефлекторите на црвениот тепих на големата политика, промовирана од градоначалник на некое збутано гратче преку гувернер, во републикански адут/ѕвезда во претседателска трка, тресеше неверојатни глупости? После минатонеделната серија на изјави на Зоран Заев, новиот шеф на СДСМ која предизвика и неверица и бранови од смеа, ми се стутка душата. Што би рекол Заев, се почувствував ептен фригидно. Се сетив на феноменалниот коментар на интелигентниот и општествено одговорен глумец Мет Дејмон кој ги посрамоти новинарите и интелектуалците во САД кои со недели ја забавуваа публиката со глупостите на Пејлин.
,, Се чувствувам како да сум во некој лош дизниев цртан филм. Како стигнавме до тука? Застрашувачки е да се помисли дека некоја Сара Пејлин, градоначалник на некое збутано гратче која мисли дека диносаурусите исчезнале пред 4000 години, ќе стане потенцијален претседател на САД. Оти тоа е реалност. Ако победи, Мекејн има големи шанси да не го дочека жив крајот на првиот претседателски мандат. Е, замислете ја неа како разговара со Владимир Путин, а има пристап до нуклеарниот код! Застрашувачки! Лудо! Како може никој да не размислува за ова.,,
  Ете, јас почнав да мислам. Како стигнавме до тука? Како градоначалникот на Струмица, аболираниот функционер на СДСМ, и покрај сите изговорени глупости (дека ќе јадат живи луѓе, од доле до горе ќе ја партизираат државата,  во спорот со Грција сме требале да го свиткаме рбетот, дека на СДСМ не му доликува патриотизам, дека, бранителите и учките треба да се изедначат по статус, а единството во Кичево и Струга е штетно, дека  својот менталитет ќе го преслика на СДСМ, дека тоа што сме надвор е од ЕУ и НАТО е вина на Македонија и затоа тој се чуствува фригидно, дека Македонија е ненормална држава оти немала средби меѓу лидерите на власта и опозицијата иако ,,револуционерот,, Васил Мицковски тукушто го искара за прифаќањето на нормална политичка средба и го потсети дека Црвенковски такви средби одбивал во намера да го одржи имиџот на ненормална земја, дека повторувањето на екстерното тестирање е катастрофа предизвикана од новиот бран, ама тој се надева дека целиот процес на повторување ќе минел безболно) остана десна рака на партискиот шеф, негов верен греач на столче, партиски потпреседател? Што добро може да се каже за делеггати на партиски конгрес кои за свој водач избираат човек кој изговорил такви по квалитет глупости, дал толку компрпмитирачки и за умот и за разумот изјави? Дали се тие разумни и одговорни луѓе? А што да се мисли за етичноста и разумот на Радмила Шеќеринска која прифатила да му биде десна рака на градоначалников кој тукушто изјави дека ,,имал намера во СДСМ да го внесе својот менталитет,,. Па, бре, кога е во прашање човеков, ние новинарите ќе треба изгледа да го пренесуваме со задолжителни фус ноти што всушност сакал да каже, ама не умеел да го рече. Ќе мора весниците да се продаваат со задолжително упатство за склопување, а Советот за радиодифузија ќе мора да измисли знак за рано предупредување. Извичник со звук за узбуна баш убаво би пасувал. Да имаат луѓето време да се подготват пред да го слушнат. Да си земат вода и шеќер за да не ги стрефи дамла.
Што ли си мислат мајката за народот кој гласа штом со ваков челник се надеваат на изборна победа. Што ќе се мисли за македонската нација ако Боже пази, избере за премиер или шеф на држава ваков генијалец. Што можам да помислам за мотивите, моралот, одговорноста, разборитоста на божемните слободоумни ,,револуционери,, и ,,отпораши,, Мицко и Геро кои се обидуваат да рационализираат и излакираат ваква вродена лудост и глупост. За каква слобода тие се борат? За слободно да завладее лудоста и глупоста?  За тоа некој шведски амбасадор на заминување на приватна забава и труп пијан да се заебава со Македонија и народот? 
Замислете го Заев кој очигледно има непресушен талент за тресење зелени да добие прилика да управува со државата! Може ли некој да ги предвиди последиците ако истрча некојпат пред стружани и кичевчани, пред земјоделци или студенти, работници, социјалци со некој негов бисер. Бучковски кој исто така е надарен за гафови, за слична изјава за малку ќе изгореше жив.
Може ли некој да замисли дијалог меѓу него како премиер и Ангела Меркел или Дејвид Камерон, Бан Ки Мун, на пример. Кој ли ќе има срце да го преведува, па толкува и дообјаснува? Кој ли ќе ги пренесува ироничните коментари и извештаи на медиумите од соседството без да му се крене притисок од срам и ужас. Ќе може ли тоа да и се довери на Шеќеринска која и самата има проблеми со ,,ебалорацијата,, (сертифициран изум на Бузлевски) или ќе се молиме на Творецот во пресудни моменти да му прати ,,прецизно,, упатство да ги нархрани кучињата и да не ги пипа копчињата. Ами, ја ако заради магнетните сончеви бури, затаи комуникацијата! Е, дури тогаш сите ќе се почувствуваме фригидно.
Боже златен! Како СДСМ стигна до овде! Што не е во ред со оваа наша Македонија, со нас и нашиот вредносен систем кога вакви ,,таленти,, незабележано стигнале до врвот на државната политика! Што би рекол холивудскиот глумец, страшно е што сме стигнале до тука без да видиме и додека на глупоста само и се се смееме!    
Автор: Мирка Велиновска за Нова МакедонијаШто добро може да се каже за делегати на партиски конгрес кои за свој водач избираат човек кој изговорил такви по квал

Пронајдете не на следниве мрежи: