СДСМ преку нечисти игри ја саботирала работата на ВМРО ДПМНЕ?

Откако произлезе во јавност веста за исчезнатите документи од досието на актуелната партија ВМРО ДПМНЕ, кое се водело во периодот на владеење на опозициската СДСМ и било наредено од тогашниот актуелен министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, се отворија голем број прашања. 
Дали СДСМ во периодот додека беше на власт, преку ваквиот нечист начин на игра сакал само да ја саботира работата на ВМРО ДПМНЕ, поради страв дека сепак оваа партија преку својата политика и програма може да исплива на површина и да ја превземе власта на СДСМ, како што и навистина се случи? 
Дали СДСМ или поединци од партијата слушале нечии наредби, поточно наредби на тогашниот лидер Бранко Црвенковски за саботажа на прогресот на работата на сегашната владеачка партија, преку следење на секој оној кој влегува и излегува од партијата. 
Преку псевдонимот „Темел“, ДБК во 90-тите години видела тајно досие за целата партија и за секој оној кој е дел од неа. Ова е директно нарачано од Фрчковски кој според Комисијата за лустрација се смета дека целата таа „акција“ ја порачал поради политички мотиви. 
Во досието „Темел“ буквално со дати и часови се опишуваат ситуациите кои се случувале во партијата. 
Секој настан и личност е опишан до детал, а непознатите лица во досието се опишани со краток опис, како пол, висина и боја на коса. Како изгледало сето тоа можете да пролитате на следниот линк. 
Неодамна весникот Дневник дозна дека од досието исчезнаа документи, а се смета дека исчезнале некаде во период од 2002 и 2006 година, кога тогашните претседатели на Собранието требале да ги предадат документите од претходниот пратенички мандат. 
Дали ова е намерна грешка на некој што сака да си ги „исчисти“ своите нечисти работи кои ги правел за време на својот мандат, сеуште е непознато. За многумина е јасно дека со ваквата тајна работа на СДСМ против владеачката партија, само се покажува колку партијата не треба да ја добива довербата од граѓаните и дека со тајни следења, измами и нечисти работи нема да може да се дојде на власт и да се води Македонија кон подобри и поуспешни патишта. Откако произлезе во јавност веста за исчезнатите документи од досието на актуелната партија ВМРО ДПМНЕ, кое се водело

Пронајдете не на следниве мрежи: