недела, 15 ноември 2026
Најново

СДСМ продолжува со старата практика – Купување гласови!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најголемата опозициска партија СДСМ исто како во минатот продолжува со старата практика на евтино купување гласови од граѓаните во пресрет на изборите закажани за 11-ти декември.Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски од СДСМ, утрово на својот Фејсбук профил објави фотографии како дели одредени производи во домот на едно семејство, што само претставува продолжување на старата практика на опозициската партија за евтино купување гласови.

Ваквото потценување на граѓаните не е нешто ново кога СДСМ е во прашање. На изборите во 2011-та година, СДСМ шеташе од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните. Тогаш медиумите објавија дека СДСМ нарачал цели 12.000 килограми кафе и дистрибуирал до граѓаните повеќе од стотина илјади пакетчиња кафе.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во 2014-та година во пресрет на изборите, коалициониот партнер на СДСМ Самка Ибраимоски им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив.  Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која беше сместен изборен штаб на СДСМ.
Граѓаните Роми не можеа да го сокријат гневот и веднаш се упатија на протест на Бихаќка. Обвинија дека поради политички поени, челниците од опозицијата, сакаат да ги отрујат.  Полицијата заплени месо сместено во два камиони ладилници во Шуто Оризари. Истото било со изминат рок и увезено во Полска и Данска.
Од направените проверки утврдено било дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Исто така, немал документ кога и од каде е увезено во Македонија.

На локалните избори во 2013-та година, валкано во кампањата играше и кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Во јавноста се појавија фотографии на кои се гледаше како Наумовски дели брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг.
Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски од СДСМ, утрово на својот Фејсбук профил објави ф

Поврзани вести