СДСМ со изборни ветувања како на фамозниот „15 септември“

Loading...

Црпнатиот балист Зоран Заев го копира својот политички ментор, Бранко Црвенковски со изборни ветувања како на фамозниот „15 септември“
Во СДСМ никако да ја научат лекцијата и да престанат да ја лажат јавноста. Повторно, како и во сите досегашни предизборни циклуси, така и овој пат свесни за својот низок партиски рејтинг, продолжуваат да им ветуваат брда и долини на граѓаните сакајќи да ги придобијат нивниот глас и поддршка.

Периодов сме сведоци на голем број настапи на раководството на СДСМ, на кои од нивните усти практично тече мед и млеко, како се расфрлаат со разно-разни економски ветувања кои немаат никаква економска издржаност и се комплетно нереални и неостварливи.

 
Сепак, овој пат тоа не им проаѓа толку лесно, бидејќи, интересно, сите овие нови ветувања на Заев и СДСМ многу потсетуваат на легендарните ветувања кои Бранко Црвенковски ги имаше во предизборието во 2002 година.

Во јавноста сè уште се свежи сеќавањата на фамозниот 15 септември кога Бранко Црвенковски во предизборната кампања го даде едно од најголемите промашени изборни ветувања во поновата македонска политичка историја. Тој тогаш вети дека доколку победи на изборите, во Македонија ќе немало ниту едно семејство без барем еден редовно вработен. На крајот, тој и СДСМ победија на изборите во 2002 година, но од ова легендарно ветување немаше ни трага ни глас.
 

Оттука, станува кристално јасно во која насока се движи и сегашното раководство на СДСМ. Очигледно во очај, тие повторно се одлучија за нивната позната тактика на ветување сè и сешто само за да се доберат до власт, а подоцна да заборават на сè што ветиле и по кој знае кој пат да ги измамат и оние малку граѓани кои сè уште им веруваат.
 
Извор: Журнал
Во СДСМ никако да ја научат лекцијата и да прест

loading...