СДСМ со уште поголем притисок и закани кон судовите

СДСМ во последните неколку дена врши силен притисок врз Oсновниот суд Скопје 1 и Уставниот суд. СДСМ се смета повикан да им се заканува на судиите и да им диктира како да одлучуваат и што да им биде приоритет во работењето. Последен во низата притисоци беше прес конференцијата на Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.Денеска на прес конференција СДСМ преку Петре Шилегов најави и кривичен прогон против судија само заради донесена одлука по сопствено убедување.
Претходно Шилегов се дрзна да се меша во работата на Уставниот суд и да одредува што треба да биде негов приоритет потценувајќи го капацитетот на судиите.
-Станува збор за тоа дали Македонија ќе ја надмине политичката општествената и правната криза во која што се наоѓа. Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО, им се обрати Петре Шилегов на уставните судии.
Ова веројатно е само вовед во дополнителните методи за притисок врз Уставниот суд кои треба да се спроведуваат.
Ова нема да биде прв атак на СДСМ и СОРОС врз Уставниот суд. Оливер Спасовски, во март месец кога ја извршуваше функцијата технички министер за внатрешни работи ги предводеше толпите кои сакаа да извршат упад во Уставниот суд. СДСМ во истиот тој период отворено застана зад хулиганите кои ги напаѓаа институциите на државата, ги сквернавеа спомениците од македонската историја, па дури и ја палеа народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

Ваквата засилена реторика на Шилегов на СДСМ и притисоците врз уставниот суд само го отвораат прашањето во јавноста под каков атак може да се најде Уставниот суд доколку не работи под диктатот на СДСМ. Свежи се сеќавањата од март месец кога и платениците на СОРОС упатуваа директни закани до уставните судии.
Славчо Димитров, платеник на СОРОС, поддржувач на СДСМ и и ЛГБТ активист пред три месеци се закануваше и ги навредуваше државните институции и судиите:“За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа зграда. Ова не е Уставен суд, ова е усран суд!“
Ова беше директен притисок и закана од страна на СДСМ, која по правило удира на судските органи секогаш кога не им оди во прилог некоја нивна одлука.
Денеска на прес конференција СДСМ преку Петре Шилегов најави и кривичен прогон против судија само заради донесена одлука по сопствено убедување.

Пронајдете не на следниве мрежи: