СДСМ ветува нешто што веќе успешно функционира!

Грижата кон учениците и нивниот правилен раст и развој преку поддршка на училишниот спорт во времето на владеење на Социјалдемократскиот сојуз беше незадоволителна, како впрочем и грижата кон сите останати категории на граѓани. И затоа, СДСМ продолжува да биде поразуван веќе 10 последователни изборни циклуси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Состојбите значително се менуваат во 2006-та година, кога Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ предложи и започна со имплементација на сеопфатна стратегија за поддршка на училишниот спорт и за правилно насочување на учениците.
Во тој контекст, информираме дека во изминатите неколку години Владата изгради 98 училишни спортски сали во многу општини дури и во места каде што претходно не постоело ниту земјено игралиште, а изградени се и бројни мултифункционални спортски игралишта, тениски терени, фудбалски и игралишта за баскет. СДСМ, своевремено не успеа да изгради ниту еден објект од ваков тип, така што вредност на нивните инвестиции во оваа област е рамна на нула.
Покрај ваквото обновување на спортската инфраструктура во рамки на образовните институции, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме го зголеми бројот на часовите по физичко образование и спортски активности, од 2 на 3 часа неделно.
Дополнително, во изминатите години значително е зголемена спортската активност кај учениците од средните и основните училишта со имплементирањето на законската можност за регистрација на училишните спортски клубови. Во овој момент, многу основни и средни училишта имаат активни регистрирани спортски клубови по повеќе спортови и во истите се вклучени повеќе од 30.000 ученици, бројка којашто континуирано се зголемува.
Започнувајќи од 2010-та година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку Министерството за образование и наука во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, го реализира проектот „Спортски игри“ преку организирање на општински, регионални и државни спортски натпревари за учениците од основното и средното образование во машка и женска категорија и организирање на училишен спортски камп со најдобрите ученици од државните натпревари, со присуство на познати спортисти и тренери од Република Македонија. Така што, СДСМ нема потреба да нуди „ветер и магла“ и да ветува нешто, коешто веќе години наназад успешно функционира.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија продолжува со вложувањата за развој на училишниот спорт, но и воопшто за развој на професионалниот спорт, преку изградба на нови спортски објекти, поддршка на спортските надежи, имплементирање на мерки од корист на спортските федерации, воведување на спортски финансиски олеснувања.Состојбите значително се менуваат во 2006-та година, кога Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ предложи и започна со имплементација на сеопфатна

Пронајдете не на следниве мрежи: