СДСМ врши притисок врз судовите да судат како што диктира Заев

СДСМ во континуитет врши притисоци врз легитимните судски власти. Денес тоа го направи и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој побара оваа институција да постапува според нивните диктати и да се произнесе за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.Шилегов и СДСМ и овојпат се обидуваат да му диктираат на Уставниот суд за тој што треба да им биде приоритет во работата, а што не. Впрочем ваквата пракса СДСМ ја влече уште од 1996 година кога со декрет на Бранко Црвенковски и Ленче Софрониевска, во една вечер Собранието на РМ, речиси без дебата, СДСМ изгласаа 600 судии во сите судови низ цела Република Македонија.
Уставниот суд треба веднаш да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Повеќе од 8 месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото.Тоа е недозволиво. Никој не е над правото и правната држава. Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО, рече Шилегов.
Јавноста веќе подолг период смета дека СДСМ и нејзиното раководство се мешаат премногу во работата на судството и правосудните институции, а особено големо влијание и притисок вршат врз Специјалното јавно обвинителство. Оваа институција беше формирана со консензус на сите поголеми политички партиии со цел професионално и објективно да работи за случаите кои со закон беше обврзана да ги води.
За жал, потенцираат експертите, Катица Јанева и  Специјалното јавно обвинителство не покажаа капацитет да им одолеат на притисоците и влијанието на СДСМ кои во кординација со меѓународниот фактор, нивната работа ја претворија во политичка хајка за дискредитација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
И ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ваквите притисоци и отворени мешања на СДСМ во работата на СЈО.
-Тешко на СЈО штом дојдоа до степен да зависат од СДСМ да ги брани. Катица Јанева веројатно е свесна дека непрофесионалното, селективно и незаконско работење резултираше со очаен рејтинг и огромна осуда од граѓаните. Расфрлањето на пари од граѓаните по разни наводни експерти за да не се симнуваат од екраните образложувајќи ја неукоста, пропустите и партиското постапување како врв на правото дадоа спротивен ефект.
ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека никој не е зачуден од ваквиот настап на СДСМ бидејќи треба време да се подмират долговите за ослободувањето на Верушевски и останатите од притвор обвинети за незаконското прислушување, со помош на Катица Јанева и СЈО.Шилегов и СДСМ и овојпат се обидуваат да му диктираат на Уставниот суд за тој што треба да им биде приоритет во работата, а што не. Впрочем ваквата

Пронајдете не на следниве мрежи: