Се има рок на траење: И најсилната љубов бледнее со време, а страста не трае ни година дена!

Страста трае околу 317,5 денови. До развод главно доаѓа за време на четвртата година брак, што значи дека парниците се покренуваат на крајот на третата година, а се докажало дека само 24 отсто од врските се моногамни. Овие податоци се резултат на едно неодамнешно истражување.На почетокот се е прекрасно, дури и вие. Не можете да си дојдете на себе од чудење како сте толку вљубени. Секој ден носи нови чуда. Вселената се поместува. Година дена живот се чини како нижење на сончеви утра, дури и кога попладне паѓа снег. Се венчате колку што можете побрзо: Што има да размислувате кога сте волку среќни? Но, веќе наредната година работите почнуваат да се менуваат.
Научниците велат дека резервите на „хемијата“ во врските можат да траат најмногу четири години. Страстната љубов тогаш се претвора во зависност, емоционална или сексуална.
„Се започнува со вљубоеност, процес кој личи на привремено лудило, а кој е предизвикан од активностите на хемијските врски во мозокот. А хемикалии како хемикалии, на крајот се трошат, и тогаш и најсилната љубов исчезнува“, тврди доктор Хорхина Монтемајор Флоренс.
Научниците заклучуваат дека љубовта има карактеристики на опсесивно-компулсивно пореметување: Кога некој е вљубен, може да пати од недостаток на апетит, несоници, постојано да мисли на партнерот, не може ништо да работи… Кога хемијата исчезнува, човекот се враќа во нормала.На почетокот се е прекрасно, дури и вие. Не можете да си дојдете на себе од чудење како сте толку вљубени. Секој ден носи нови чуда. Вселената се п

Пронајдете не на следниве мрежи: