Пејачката Алка Вуица наскоро ќе стане сараевска снашка и ќе се мажи за угостителот Златко Арсланагиќ. По неколкугодишна врска, Алка одлучила да се омажи за сараевскиот угостител.„Секоја чесна Хрватка мора да има еден Босанец“, напишала во свој стил познатата пејачка и навела дека наскоро се мажи
„Мојот Харбе и јас веќе долго време сме заедно и разговаравме за венчавка“.
Кога на почетокот на врската ја прашале што има посебно да каже за нејзиниот Харбе, кажала:
„Два, три милиони евра. Со него се чувствувам прекрасно. Во него имам и пријател и љубовник. Харбе и јас од пријателство влеговме во врска. Меѓу нас секогаш имаше некаква хемија. Првиот бакнеж падна на маса на свадба кај внукот на Здравко Чолиќ. Тој сака кога мојата коса е врзана бидејќи тогаш се гледа мојата убавина. Ја сака мојата духовитост, вели дека сум смешна и дека имам детски очи. Мојот син страшно многу го сака, убаво се сложуваат и почитуваат“.
„Секоја чесна Хрватка мора да има еден Босанец“, напишала во свој стил познатата пејачка и навела дека наскоро се мажи
&b



