Се најавуваат нови македонски амбасадори

Поранешниот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски ќе биде новиот амбасадор во Загреб, пренесе порталот Телеграф.мк. 
Во веста за нови димпломати има наведено и неколку имиња од редовите на албанската партија ДУИ. 
Амбасадор во Женева ќе биде Газменд Илјази, кој моментално е вработен во американската амбасада во Скопје, а во Катар ќе замине Шабан Јашари. 
Во Копенхаген ќе не претставува Назифи Рамазан. 
Сегашниот амбасадор во Копенхаген, Агрон Буџаку, ќе го продолжи својот мандат во Париз. 
Што ова назначување на Антонијо Милошоски за амбасадор во Загреб значи останува да се види. Но со оглед на тоа дека станува збор за една од помалите држави каде што имаме своја амбасада, која што не е од највисоко значење во дипломатијата повеќе од јасно е дека ова е големо назадување за поранешниот министер за надворешни работи.
Истиот наведе дека се повлекува од семејни причини, кога го напушти министерството во 2011, но поупатените толкуваа дека се работи за изнудена оставка…Поранешниот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски ќе биде новиот а

Пронајдете не на следниве мрежи: