Се одбележуваат 90 години од раѓањето на Ацо Шопов

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде одржан свечен собир по повод 90-годишнината од раѓањето на академик Ацо Шопов.Собирот ќе го отвори академик Луан Старова, а за животот и творештвото на Ацо Шопов ќе говорат и академиците Георги Старделов и Катица Ќулавкова, како и неговата ќерка Јасмина Шопова.
Ацо Шопов, еден од основоположниците на модерната македонска литература, е роден во Штип на 20 декември 1923 година. Неговата збирка Песни (1944 година) е прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија.
Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија и негов член од основањето во 1947 година, прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Беше член на Македонска академија на науките и уметнстите од нејзиното основање (1967).
Ацо Шопов почина на 20 април 1982 година.Собирот ќе го отвори академик Луан Старова, а за животот и творештвото на Ацо Шопов ќе говорат и академиците Георги Старделов

Пронајдете не на следниве мрежи: