Се одржа традиционалниот меѓународен турнир во куглање „Скопје опен 2014“

Вчера /11.11.2014 година, вторник/ во куглана во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа традиционалниот меѓународен турнир во куглање „Скопје опен 2014“.Овој традиционален меѓународен турнир се организира по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Градот Скопје и истиот е под покровителство на Градот Скопје.
На овој турнир натпревар одиграа женските репрезентации во куглање на Македонија и Црна Гора.
Турнирот за отворен го прогласи Ристо Петров, генерален секретар на Кугларската федерација на Македонија, кој на сите присутни им посака добредојде и добар натпревар.
Присутните ги поздрави и Никола Петовиќ, претседател на Кугларската федерација на Црна Гора, кој се заблагодари на Македонската кугларска федерација за поканата за учество на овој турнир, за гостопримливоста и упати покана за повратна посета.
На натпреварот помеѓу женските репрезентации во куглање на Македонија и Црна Гора, победи репрезентацијата на Македонија која имаше вкупно 3082 соборени дрва, наспроти 2989 соборени дрва на репресентацијата на Црна Гора.
Покрај пехарот за победник, медали беа поделени и за најдобрите три поединци на турнирот, каде награди освоија:
Прво место – Марија Хамни (Црна Гора) со 563 соборени дрва
Второ место – Билјана Гиевска (Македонија) со 525 соборени дрва
Третото место го делат Ивона Кузмановска (Македонија) и Мери Јанева (Македонија) со 518 соборени дрва.Овој традиционален меѓународен турнир се организира по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Градот Скопје и истиот е под покровителство на

Пронајдете не на следниве мрежи: