„Тоа е таа. Мојата Слаѓа. Како ќе живеам без својата единица! Нема живот за мене“, рекла вчера Јелка Пантиќ, мајка на пејачката и старлета Слаѓана Гудураш од Бањалука, која вчера беше пронајдена мртва во искршениот „голф5“ во каналот покрај патот Сремска Рача- Кузмин.Јелка изјавила дека верувала дека нејзината ќерка била киднапирана, но веста за пронаоѓањето на безживотното тело и ја соопштила директорката на Домот на здравје во Бањалука, каде што работи како чистачка.
„Постојано гледав во телефонот и се молев да ја најдат жива. Се слушнав со нејзе пред две недели а ја барав и на мобилниот, но беше исклучен“, раскажала низ солзи мајката на стрлетата, која исчезна во средата, околу 18 часот, откако го поминала граничниот премин Рача.
Од МВР Србија соопштиле дека вчера голфот на Слаѓана бил пронајден покрај опасна необележана кривина која нема заштитна ограда, а поради густите растенија автомобилот скоро и да не се гледал. Пејачката и старлета Слаѓана Гудураш на публиката и е позната по песната „Силикони и кубици“, која ја снимила во дует со раперот Џус, а се појавила и во спотот на Саша Матиќ и раперот Цвија. Последен пат била видена жива во средата, кога тргнала кон Србија.Јелка изјавила дека верувала дека нејзината ќерка била киднапирана, но веста за пронаоѓањето на безживотното тело и ја соопштила директорката на До



