Се огласи творецот на моделот за предвидување на победникот на претседателските избори: „Во ноември победата ќе ја добие Трамп!“

Американскиот професор Хелмут Норпот, творецот на моделот со чија примена, освен во еден случај, успешно можел да го предвиди победникот на сите претседателски избори во САД во изминатите 100 години, тврди дека во ноември победата ќе ја добие Доналд Трамп.Овој политиколог од Универзитетот „Стони Брук“ во Њујорк, развил модел за предвидување и кога го применил ретроактивно, се увидело дека ги покажал сите победници на изборите од 1912 година. Погрешил само еднаш и тоа во 2000 година, кога рекол дека ќе победи Ал Гор, пишува лондонскиот весник „Индепендент“.
Меѓутоа Гор, тогаш доби многу гласови, но по спорното пребројување на гласовите на Флорида, претседател стана Џорџ Буш помладиот.
Норпот во изјавата за „Њујорк пост“ нагласи дека Трамп бил најсилен во изборите во рамките на Републиканската партија и дека ќе победи.
-Со моделот уште во февруари беше предвидено дека Трамп ќе победи, и од тогаш ништо се нема променето. Што и да се случува во вистинскиот свет, не влијае на моделот, истакна Норпот.Овој политиколог од Универзитетот „Стони Брук“ во Њујорк, развил модел за предвидување и кога го применил ретроактивно, се увидело дека

Пронајдете не на следниве мрежи: