Се омажи Бејби Дол!

Пејачката Драгана Шариќ (52), попозната како Бејби Дол, вчера склопила брак со долгогодишното момче  Алекс во една белградска општина, а потоа приредила интимна прослава за 30-ина пријатели.Бејби Дол по пет години забавување  судбоносното „да“ го кажала на својот партнер Алекс, кој по потекло е инаку Американец.
Ова е прв брак за пејачката, а кога во една прилика ја прашале зошто се уште не се остварила како сопруга Бејби одговорила дека не се мажела за да немора постојано да се разведува.
Парот претходно имал проблем за два дена да најде матичар. Сепак завршиле се на време,  а Алекс имал време да организира  15 пријатели од Америка да дојдат на свадбата.
На свадбата присуствувал и Оливер Мандиќ со ќерката, кои и бил кум на пејачката. Бејби за кума ја одбрала долгогодишната пријателка, а свадбената веселба ја организирала на еден пориватен имот во Дорќол.
Бејби Дол по пет години забавување  судбоносното „да“ го кажала на својот партнер Алекс, кој по потекло е инаку Американец.

Пронајдете не на следниве мрежи: