Се подготвува силна Рома, шеик ја презема „Римската волчица“

На чело на Манчестер Сити и Париз Сент Жермен веќе се наоѓаат шеици со богати семејства од Обединетите Арапски Емирати и Катар кои ја спроведоа ренесансата во тие клубови. Нешто слично може да се случи и во Рим, екипата на Рома веќе постигна договор за соработка со шеикот Аднан Адел-Ареф ал Квадуми ал Шетвијем.
Екипата на Рома на својата официјална веб-страна објави дека е постигнат договор со шеикот кој бил на „Олимпико“ и ја гледал победата над Јувентус со резултат 1-0.
„Рома е симбол на Италија. Сеуште сме во интензивни преговори и не чекаат нови. Навистина го сакам тимов, голем љубител сум на фудбалот и сум страствен навивач на Рома. Мојата страст кон клубот ме натера на овој чекор. Првата и единствена работа која би се променила во Италија е Рома“ порача Ал Шетви кој моментално живее во Перуџа.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На чело на Манчестер Сити и Париз Сент Жермен веќе се наоѓаат шеици со богати семејства од Обединетите Арапски Емирати

Пронајдете не на следниве мрежи: