Моделот Андреј Пеиќ станал Андреа Пеиќ. Дваесетидвегодишното момче кое го обожаваат светските модни дизајнери, подлегнал на операција на полот и станал жена. Моделот од Тузла се појавувал на ревии и за жени и за мажи, а планетарна слава достигнал во Париз во 2011 година кога бил ангажиран од страна на Жан-Пол Готје.На својот Фејсбук профил тој се пофалил на своите пријатели. Воедно и се заблагодарил на сите оние кои со години ја знаеле неговата ситуација и лошите чувства во поглед кон родениот пол. Напоменал дека неговата личност не се променила, туку само полот, и дека сеуште е истиот.
„Сакам да ја поделам својата приказна со светот бидејќи сметам дека тоа е моја социјална одговорност“, рекла Андреа. „Се надевам дека со тоа што сум отворена и искрена, луѓето полесно ќе го прифатат тоа“.
„Секогаш сум сонувала да бидам девојка. Се сеќавам како се вртев во фустанот на мајка ми замислувајќи се како балерина“.
Неодамна признал дека одсекогаш сакал женски работи, но никогаш не се чувствувал хомосексуално, се додека на 13 годишна возраст не ја открил транексуалната заедница.
„Сакав да бидам добро дете и да ги задоволам родителите“. Со непретеран успех се обидела да се вклопи со останатите деца во школо и да се занимава со тиски спортови.
Андреа се потсеќа на денот за кој толку долго сонувала.
„Бев среќна што тој момент конечно стигна, среќна колку што можете да бидете пред операција“. Закрепнувањето потрајало и како што вели самата, дури по три месеци се почувствувала како онаа старата.
Без разлика на на тоа што имала нелоку љубовни врски, моментално е сама и нагласува дека е отворена за љубов.На својот Фејсбук профил тој се пофалил на своите пријатели. Воедно и се заблагодарил на сите оние кои со години ја знаеле неговата ситуација и лош



