Се претвара ли Google во Big Brother?

Многу корисници и програмери останаа разочарани од „досадната“ презентација на првиот ден на Google I/O, кога не ја видовме новата верзија на Android и нов Nexus хардвер. I/O 2013 всушност беше еден од најинтересните Google настани досега.Манифестот на Google
Концептот зад корпоративен идентитет на Google е таков да не постои. Google сака да биде ваш пријател, што го докажува дури и со паролата “Не биди злобен”. Гледајќи кон технолошкиот сектор, Google дефинитивно е насмеана, колоритна и симпатична компанија. Според некои тоа расположение граничи со налудничавоста, карактеристична за утописките власти во голем број футуристички филмови, а во нив работите обично се збунети. Тимот на Google секогаш тврдел дека има единствена цел да го направи животот на своите корисници подобар. Нема како да одречеме дека светот е многу подобро место со масовен прилив на интернет, а Google е незаменлив дел од него. Нема како да се пресмета колку животи се спасени благодарение на брзо пребарување за прва помош, но можеме да бидеме сигурни дека не се малку. Ова е само еден од поекстремните случаи. Нема како да спориме дека производите и услугите на Google имаат крајно позитивен ефект врз светот.
Проектите X
Веројатно знаете дека значителен дел од буџетот на Google се користи за истражување. Вработените на компанијата можат да одвојат дел од своето работно време за лични проекти, а дивизијата Google X работи на футуристички проекти. Примери за ова се Glass и автономниот автомобил. Google е единствената компанија која развива актуелни производи и услуги за корисниците, но гледа и во иднината, каде открива далеку научнофантастични идеи. Уште поинтересно е дека тие се спроведуваат. Тест верзии на автономниот автомобил веќе има по автопатите на САД, а првите примероци на Explorer изданието на Glass веќе се во рацете на програмерите и ентузијастите. Сигурно во седиштето на Google во Mountain View има уште голем број проекти, за чие постоење не се сомневаме. Компанијата има средствата, амбиција и упорност да го промени светот.
 
Ни треба нешто како Burning Man*
 
“Потребно ни е сигурно место каде ќе ги тестираме новите работи“
Токму овие зборови на Лари Пејџ се повод за размислување дека по I/O за првпат Google вели дека има големи планови. Навистина големи планови. Планови за фундаментална промена на начинот на кој живееме, настрана од најновите верзии на Android, надвор од смартфоните, дури и надвор од софтверскиот карактер на интернет. Google ги гледа проблемите во светот и сака да ги реши, потпирајќи се на методите кои ги имаат на сите нивни производи и услуги во водечките индустрии.
Применливи ли се тие насекаде?
Повеќе на gsm.mkМанифестот на Google
Концептот зад корпоративен идентитет на Goo

Пронајдете не на следниве мрежи: