СЕ ПРОШИРУВА СКАНДАЛОТ: На тапет се најдоа Франција и ЈАР!

Свиркачот на ФИФА, Чак Блејзер, откри нови детали за примањето мито при доделувањето која земја да биде домаќин на Светските првенства во фудбал.Имено, Блејзер изјавил дека Извршниот одбор на ФИФА прими мито за доделувањето на Светското првенство на Франција во 1998 година, како и на Јужноафриканската Република во 2010 година. Ова го обелодени во исто време кога ФБИ покрена истрага за доделувањето на Русија за биде домаќин на СП во 2018 година, како и на Катар во 2022 година.
„Некои други членови на Извршниот одбор и јас, примивме пари за да гласаме за Франција и ЈАР“, им признал Блејзер на американските агенти.
Инаку, поранешниот главен секретар на КОНКАКАФ, по спогодбата со Министерството за правда на САД и понатаму продолжува да открива големи корупциски скандали кои ја офатија ФИФА.
Чак Блејзер цели 17 години, од 1996 до 2013 година, бил член на Извршниот одбор на ФИФА.Имено, Блејзер изјавил дека Извршниот одбор на ФИФА прими мито за доделувањето на Светското првенство на Франција во 1998 година, како и на Јужноаф

Пронајдете не на следниве мрежи: