Катриона Вајт, 28-годишната девојка на популарниот актер Џим Кери, беше пронајдена мртва.Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, бидејќи биле пронајдени таблети до телото, како и проштално писмо адресирано до Кери.
Вајт и Кери наводно раскинале по втор пат пред неколку дена. Нејзината последна порака на Twitter гласи:
„Се исклучувам од Twitter, се надевам дека бев светлина за моите најблиски и најдраги“.
53-годишниот актер ја изрази својата тага преку соопштение во кое се вели: „Шокиран сум и чувствувам длабока тага поради смртта на мојата слатка Катриона. Таа навистина беше добродушно и деликатно ирско цвеќе, премногу чувствително за оваа почва…. Сите нас нè удри гром.“
Кери и Вајт влегле во врска во 2012 година, но по неколку месеци се разделиле. Во мај годинава тие ја обновиле врската.Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, бидејќи биле пронајдени таблети до телото, како и проштално писмо адресирано до Кери.



