Харизматичниот босански пејач Аднан Бабаиќ го помниме како победник од првата Операција Триумф, но наместо меѓу ѕвездите во регионот, денес го затекнуваме во прилично поинаков контекст. По победата во Операција Триумф му пердвидуваа ѕвезден успех, не стигна ни да го испромовира победничкиот албум, а веќе исчезна од сцената.
Денес, шест годони по победата, Аднан и понатаму се занимава со музика, но, наместо да ги тресе големите сцени во регионот, тој настапува со синтисајзер по свадби и клубови во Чикаго, каде се преселил поради својата избраничка Лејла.
„Многумина пишуваа дека сум се откажал од кариерата, но тоа не е точно… Ме бараат луѓе од просторите од поранешна Југославија, а во август имам договорено 15 свадби. Се се тоа добри клубови и многу сум задоволен“, изјавил Аднан, кој во меѓувреме нафрлил некој килограм вишок.
Инаку, Аднан се ожени минатата година, но на тој среќен настан сенка фрли смртта на мајката на Аднан Улфета, само два дена пред венчавката.
„Во овој тежок период Лејла ми е голема поддршка и да не беше таа, не знам како би го преживеал сето ова“.
Вели дека не планира да се врати во БиХ во скоро време, но најавува нов албум.По победата во Операција Триумф му пердвидуваа ѕвезден успех, не стигна ни да го испромовира победничкиот албум, а веќе исчезна од сцената.



