Кралицата на силиконите Тијана Ѓуриќ, која неодамна беше нападната, открива дека ја нападнал со пиштол телохранителот кого неодамна го отпуштила бидејќи ѝ изјавил љубов. Таа во полицијата дала изјава по повод целиот случај.„Поради својата сигурност неодамна ангажирав двајца телохранители, но едниот од нив се вљуби во мене. Со текот на времето тоа ми стана многу напорно, па го отпуштив, како и неговиот колега. Набрзо вработив нови телохранители“, објаснува Тијана и додава:
„Тоа нему очигледно му пречеше, па реши бесот и љубомората да ги искали на мене. Дојде пред мојата зграда и со пиштолот искрши два прозора од мојот стан. Цело време викаше и ме навредуваше, бараше да излезам и да разговараме, но соседите веднаш повикаа полиција, која реагираше брзо. Со него беше и колегата кој исто така го отпуштив, така што полицијата ги уапси и двајцата. Им го одзедоа оружјето и ги приведоа“, вели Тијана.
Со оглед на тоа дека напаѓачите после приведувањето биле пуштени на слобода, на тоа Тијана вели:
„нема причина да се плашам, имам телохранители кои ме чуваат, а исто така ќе дадам изјава за овој инцидент и најверојатно ќе ги тужам и двајцата“, додала старлетата.„Поради својата сигурност неодамна ангажирав двајца телохранители, но едниот од нив се вљуби во мене. Со текот на времето тоа ми стана многу



