Се што не сте знаеле за јајцата- Еве зошто е добро да се јадат!

Тешко може да се најде прехранбен продукт кој истовремено е толку хранлив, богат со неопходните витамини и минерали, лесен за подготовка и евтин како што се јајцата, а за велигденските празници мора да признаеме дека ги јадеме во поголема количина.Еве зошто е добро да се јадат јајца…
Помалку килограми
Нутритивниот состав на јајцата е таков, што подолго ја задржува ситоста. Две или три јајца за појадок ќе ве држат подалеку од грицките во остатокот од денот. Според истражувањата, протеините кои ги има во целото јајце, го контролираат апетитот, а организмот многу лесно ги апсорбира. Со тоа не само што може да загубите некој килограм, туку ќе можете и да ја задржите вашата тежина на посакуваното ниво.
Заштита за срцето
Митот дека јајцата се поврзани со појава на некои срцеви болести веќе е срушен, а се појавуваат и истражувања кои го потврдуваат спротивното. Во нив има одредени состојки кои помагаат да се спречи згрутчувањето на крвта, со што се намалува ризикот од срцев удар.

Цврстина на коските
За цврстината на коските заслуга има витмаинот Д, кој човечкото тело најмногу го добива од Сонцето. Сепак, за зацврстување на коските не моа да се чека летото, туку може да се консумираат јајца поради тоа што изобилуваат со витамин Д. Со само едно јајце, се внесуваат 10 проценти од дневните потреби од овој витамин.
Цврстина и раст на мускулите
Количината на протеини во јајцата ги прават одличен оброк после напорно вежбање, затоа што организмот лесно ги апсорбира и брзо ќе ги рехабилитира мускулните влакна. За нивниот раст и цврстина, помагаат и сите девет видови аминокислеини содржани во нив, витаминот Б12 кој е најзастапен во жолчката, а покрај тоа го содржат и реткиот минерал колин, кој го спречува воспалувањето на мускулите.
Подобар вид
Клучен за чувањето на видот е нутриентот лутеин, кој најчесто се среќава во зелјестите растенија. Во јајцата го има помалку, но затоа полесно се апсорбира.Еве зошто е добро да се јадат јајца…
Помалку килограми
Нутритивниот состав на јајцата е таков,

Пронајдете не на следниве мрежи: