Сѐ уште е вистинска бомба, но мажите бегаат од неа!

И во 57-та година од животот, Шерон Стоун мами воздишки каде и да се појави. Но, славната актерка сѐ уште не го запознала вистинскиот. Сите и понатаму ја паметиме нејзината позната сцена од филмот „Ниски страсти“, која и денес важи за еден од најсекси моментите во филмската индустрија.Поминаа 23 години откако тој филм беше прикажан во кината и кој на Шерон Стоун ѝ ја доднесе титулата на секс симбол.
Убавината, шармот и сексапилот ги задржа и до ден денес, па редовно привлекува погледи каде и да се појави. Многумина би помислиле дека голем број мажи ѝ се додворуваат од сите страни, но таа тврди дека тоа е далеку од вистината.
„Би сакала кога мажите повеќе би флертувале со мене. Но, тие бегаат од мене. Луѓето поверуваа во таа приказна дека сум секс симбол, но тоа не е вистина. Јас сум всушност девојка во широка облека и со торба полна книги. Луѓето се плашат од мене“, изјавила таа.
Актерката додала и дека единствените мажи кои денес ѝ обрнуваат внимание, се нејзините синови Роан, Лерд и Квин, кои ги посвоила.
„Сега се во тие години кога стануваат мали мажи. Почнуваат да ги носат моите торби и ми ја отвораат вратата. Ми оставаат пораки во автомобилот, нешто како `Ти посакуваме убав работен ден`. Тие прават да се чувствувам убаво и дека мојот живот има цел“, истакнала Стоун.Поминаа 23 години откако тој филм беше прикажан во кината и кој на Шерон Стоун ѝ ја доднесе титулата на секс симбол.
Убавината, шармот и се

Пронајдете не на следниве мрежи: