Се запали зграда во Лондон, има жртви

Лондонската противпожарна служба соопшти дека има жртви во големиот пожар што зафати 27-катна станбена зграда во Лондон.– Можам да потврдам дека има извесен број жртви во пожарот. Во овој момент не можам да прецизирам за бројот на жртвите поради големината и комплексноста на зградата, изјави Дени Котон, командир на противпожарната служба во Лондон.
Таа додаде дека причината за пожарот засега е непозната.
Се евакуира областа околу зградата бидејќи постои опасност таа да се урне.
Лондонските пожарникари велат дека пожарот ги зафатил сите катови од првиот до последниот на Гренфел Тауер. Дел од луѓето се уште се заробени во становите и од прозорците на повисоките катови се обидуваат да повикаат помош, објавија британските медиуми.
Зградата има 120 станови и била изградена 1974 година.– Можам да потврдам дека има извесен број жртви во пожарот. Во овој момент не можам да прецизирам за бројот на жртвите поради големината и ко

Пронајдете не на следниве мрежи: