Пејачката Весна Ривас се збогуваше со микрофонот и ѝ се посвети на, како што вели самата, „дарбата од Бога“ која сака да ја искористи за да им помогне на луѓето. Тоа е гатањето.„Малку се повлеков од пеењето, бидејќи не можам доволно да наплатам. Денес на естрадата пее кој стигне, а јас нема да работам по секоја цена, па се префрлив на гатање. Картите секогаш ги носам со себе. Единствено кога со некој имам уклучување преку Скајп, мора да бидам во централата. Имам и познати клиенти, политичари, но преку телефон се правам дека немам поим кои се, иако им го препознавам гласот“, рекла поранешната фолкерка.
„Мажите главно прашуваат како да ги решат проблемите на работа и да балансираат меѓу сопругите и љубовниците. Сѐ почесто за помош околу паралелни врски ме прашуваат и жени. Има и геј популација, нив исто така ги мачат љубовни проблеми“, рекла таа.
Весна Ривас има издадено повеќе албуми. Некогаш работела како новинарка и водителка, но е попозната по скандалите. Пред повеќе години излезе вест дека ги крстила домашните миленици во црква, а гледачите пред две години можеа да се уверат како Весна ги тепа колешките, поради што беше исфрлена од реалното шоу „Фарма“.
„Малку се повлеков од пеењето, бидејќи не можам доволно да наплатам. Денес на естрадата пее кој стигне, а јас нема да работам по секоја цена,



