Седум лекции за парите кои секоја жена треба да ги знае!

Финансиите се прашање кое на многу луѓе им создава главоболка и мачнина. А, посебен случај се жените,кои за разлика од мажите, се познати по трошењето.Ова се најдобрите лекции и совети поврзани со парите:
1.НЕ ПОСТОИ ПРИНЦ НА БЕЛ КОЊ
Можеби и нема принц на бел коњ, но никогаш не треба да се потпирате на него или тој да биде единствениот кој ги носи финансиските товари.
Како што знаете , навистина е важно уште од мали нозе да ги разберете основите на финансиите и да бидете жена со стабилна иднина која може да стои сама. Во ред е да имате некој кој ќе помага,но не да зависите од него.
2. ПАРИТЕ НЕ СЕ СТРАШНИ
Освен што не се страшни, ако добро раководите со нив ќе имате навистина добар живот. А раководењето со пари се учи, не е страшно.
Финансиите не треба да бидат тема која ќе ја избегнувате, иако се тие предизвик во животот како и се останато.
Оваа лекција ви е потребна да запомнете дека парите не се се во животот како и се останато и не треба да бидат застрашувачки проблем како што често правиме.
3. ШТЕДЕТЕ ЗА ГОЛЕМИ РАБОТИ
Ако сакате да одите на квалитетен одмор, тогаш посветете ј ацела година за да успеете да си го обезбедите. Кога веќе штедите правете разлика помеѓу потреби и желби-така најлесно ќе успеете да тргнете по некој денар на страна.
Испланирајте ја заштедата – т.е. колку треба да заштедите, до кога… Секогаш бидете еден чекор понапред и размислувајте тактички.
4.УШТЕ ОДСЕГА ПЛАНИРАЈТЕ ЈА ПЕНЗИЈАТА
Првата работа е одлична можност која треба да ја искористите и да започнете да ја планирате пензијата, макар и да станува збор за мала сума.
Магијата на временската вредност на парите значи дека токму тие мали напори ќе ви се вреднуваат на големи начини по некое време.
5. ИМАЈТЕ ФОНД ЗА ИТНИ СЛУЧАИ
Без разлика дали ви треба или не, добро е да имате пари за ,,црни денови”. Тие колку -толку ќе ви обезбедат финансиска сигурност и храброст да се соочите со најтешките ситуации.
Никогаш не можеме да знаеме што ќе се случи и каде ќе ви потребаат парите.
6. ЗНАЈТЕ ЈА ВАШАТА ВРЕДНОСТ НА ПАЗАРОТ
Мора да си го цените трудот и квалитетот на работа што го вложувате на работното место. Реално, Вие сте одлични, но има и слични на Вас,а можеби и подобри. Но тоа никогаш не смее да ве спречи да побарате повисока плата.
7.ПОНЕКОГАШ ВРЕДИ ДА ГИ КУПИТЕ ЧЕВЛИТЕ
Ние жените знаеме да имаме скап вкус, кој не секогаш можеме да си го дозволиме. Но, понекогаш, тој пар чевли или пак таа чанта може барем малку да не усреќи.
Особено ако зборуваме за квалитетно парче на кое можеме да гледаме како инвестиција. А макар и да станува збор за моментална (избрзана) одлука, не секогаш штети да си дозволите малку повеќе.
Особено ако напорно штедите долго,долго време.Ова се најдобрите лекции и совети поврзани со парите:
1.НЕ ПОСТОИ ПРИНЦ НА БЕЛ КОЊ
Можеби и нема

Пронајдете не на следниве мрежи: