Единствената впечатлива работа во големите шоуа на српските телевизии кои се пренесуваат кај нас, а нашите изведувачи се дел од нив, е фактот дека тие зборуваат на српски.Слична ситуација се случи вчера во шоуто „Твоето лице звучи познато“ во кое Елена Ристеска и Калиопи зборуваа на српски јазик.
Елена Ристеска објасни дека тоа е така, бидејќи се обврзала со договорот кој го потпишала со продукцијата.
Имено, законите во Србија наложуваат сѐ што оди на телевизиите биде на српски јазик, а ако не е возможно, тогаш да биде преведено во вид на титл или синхронизација. И ние кај нас имаме сличен закон, кој што е направен според европските стандарди.
Слична ситуација се случи вчера во шоуто „Твоето лице звучи познато“ во кое Елена Ристеска и Калиопи зборуваа на српски јазик.



