Не постои ништо поубаво на светот од соништата кои по долго чекање, надевање и одрекување конечно ќе почнат да се остваруваат. Фолк ѕвездата Сека Алексиќ навистина долго чекала да ја слушне најрадосната вест. Благодарение на достигнувањата на модерната медицина ќе ѝ се исполни животната желба- конечно ќе стане мајка
Популарната пејачка е бремена, пресреќна е, и нејзиниот сопруг и целото семејство , а помеѓу останатото за Хало открива како тие двајца се носеле со сите искушенија и стравови, како ги минува првите месеци од бременоста и каде планира да се породи.
Опишете ни го првиот момент кога дознавте дека сте бремена?
„Знам дека звучи како фраза, но тоа навистина не може да се опише. Срцето толку ми чукаше што мислев дека ќе ми излета од градите. Благодарна сум му на бога за што ми подари и често умеам да кажам: Фала ти Боже, на се што ми прати. Го сакам она убаво, а уште повеќе го сакам она што беше помалку убаво, што понекогаш и болеше, бидејќи сум сигурна дека тогаш ме спаси од нешто лошо. Важно е да се верува и да се моли. Дури и за луѓето кои ви нанеле зло. Господ тоа го гледа и го наградува, тој од нас бара само покајување и љубов. Безусловна љубов“
Како реагирал Вељко кога му ја соопштивте веста дека сте бремена?
„Таа радост, таа насмевка и прегратка, со сиот труд, невозможно е да се опише. Двајцата сме пресреќни, што најдобро го знаат сите парови кои минале низ тоа“.
Во кој месец сте?
„Полни три месеци“, заклучила пејачката.Фолк ѕвездата Сека Алексиќ навистина долго чекала да ја слушне најрадосната вест. Благодарение на достигнувањата на модерната &nb



