Секогаш мијте го вашиот задник: Најчудни етикети кои навистина се нашле на облека

На социјалната мрежа Игмур секогаш можат да се најдат интересни содржини, а овој пат корисниците  објавиле  фотографии со најсмешни инструкции кои се нашле на облеката и лекарствата. Погледнете ги овие скоро неверојатни совети.Исперете го ова кога ќе се извалка

Производителите мислеле на се, па го назначиле и очигледното: дека е потребно да го исперете блузонот штом забележите дека се извалкал.
Упатство за облекување гаќички

Ова урнебесно упатство објаснува во три чекори како треба да се облечат гаќичките преку нозе а не преку глава.

 
Тргнете го детето пред да го ставите да се пере

Освен стандардните совети за перење, произведувачот на оваа детска облека советува да го извадите детето од облеката пред  да ја ставите да се пере.
Секогаш мијте го вашиот задник

Урнебесна етикета на едно парче облека советува дека  освен перење во ладна вода, оној кој го носи ова парче облека секогаш би требало да го мие својот задник.

 
Лекот користете го според упатството

Секогаш е потребно прво да го прочиате упатството, па дури тоаш да го пиете лекот. Но, ова упатство е потполно неразбирливо и пресмешно. Буквалниот превод би гласел: „Секоја ноќ пред храна еднаш дневно потребно е да земете четири пати дневно три пати дневно секои три пати дневно земете една земете две земете три една или две“.Исперете го ова кога ќе се извалка

Пронајдете не на следниве мрежи: