Станува интересно во куќата на „Големиот брат“. Имено, додека Ервин зборувал во исповедалницата, во исто време Антонија и Виклер им соопштиле на станарите дека во куќата ќе се врати исфрлен натпреварувач.По неколку минути, Стефани влегла во куќата и станарите ја дочекале со воодушевување. Ова сите го знаеле, освен Ервин којшто не бил присутен.
Станарите цело време го гледале Ервин во исповедалницата, но тој не го знаел тоа.
Во еден момент, Големиот брат го прашал дали му недостига Стефан. Неговиот одговор бил потврден и додал дека би сакал таа да се врати назад во куќата.
Големиот брат му соопштил дека Стефани може да се врати, но само под еден услов: тој да се жртвува, односно да излезе од куќата доколку таа се врати.
Му биле дадени 60 секунди да размисли.
Ервин се сложил да биде исфрлен, а Стефани да ја добие својата шанса!
Љубовта победи, а Ервин ги освои симпатиите на гледачите од целиот регион поради великодушноста.
Во меѓувреме, тој излегол од исповедалницата и го дочекало најголемото изненадување: вљубените Стефани и Ервин повторно се заедно!
По неколку минути, Стефани влегла во куќата и станарите ја дочекале со воодушевување. Ова сите го знаеле, освен Ервин којшто не бил присутен.



