Секојдневно ги фрлате, а немате идеја колку можат да ви послужат!

Прочитаните весници, во најголем случај завршуваат во корпа за отпадоци. Но всушност, старите весници можат многу да ви користат. Можат да ви се најдат во куќата, да ги искористите за разубавување, за перење, за украсување на простор…Не ги фрлајте старите весници, искористете ги!
Чистење на прозорци
Веројатно најстар и најдобар трик. Секоја домаќинка ќе ви потврди дека старите добри весници се најдобро решение за чистење на прозорци. Доколку ве нервираат оние мрсни траги кои остануваат дури и по чистењето на стаклото со крпа и детергент, едноставно згужвајте лист од весник и истријте го стаклото. Не само што ќе исчезнат трагите, туку и стаклото ќе блеска како ново.
Отсранување на лош мирис
Непријатниот мирис во фрижидерот, кој е честа појава, може лесно да го отстраните, доколку поставите листови од весници над фиоките и ќе забележите дека непријатниот мирис ќе исчезне.

 
Решение за непријатен мирис кај чевлите
Проблем, кој е многу чест. Можете да користите дезодоранс или пудра, но, сепак не помогнало. Затоа најдобро решение е да ставите згужван весник во чевлите да отстои преку ноќ, и непријатниот мирис ќе исчезне!
Маникир
Доколку сте од оние кои често ги средуваат ноктите, ќе бидете изненадени, како обичните весници можат да ви помогнат да ги декорирате ноктите. Со помош на алкохол и принт од весник, можете да направите интересен дезен на ноктите.
Не ги фрлајте старите весници, искористете ги!
Чистење на прозорци
Веројатно најстар и најдобар трик. Секоја домаќ

Пронајдете не на следниве мрежи: