Секс под камените пениси – лек за плодност!

Само на неколку километри од детското одморалиште „Михајлово” на Кожуф Планина, во долината на реката Бошавица, вистинска атракција се камените столбови, познати уште и како камени кукли, за кои се претпоставува дека датираат од пред 20 до 50 илјади години.Само на неколку километри од детското одморалиште „Михајлово” на Кожуф Планина, во долината на реката Бошавица, вистинска атракција се камените столбови, познати уште и како камени кукли, за кои се претпоставува дека датираат од пред 20 до 50 илјади години.
Тие се наоѓаат на 40 километри од Кавадарци, на 1180 метри надморска височина, ги има на десетици, високи околу 15 метри, а повеќето од нив на врвот имаат камен или, како што велат мештаните, заштитна капа.
Постои легенда, според која камените кукли, познати и како камени пениси или камени печурки, имаат моќ во лекувањето неплодност. Затоа, уште во минатото долината покрај Бошавица била наречена Долина на плодноста, а голем број парови што со години немале деца, доаѓале да водат љубов под карпите, надевајќи се дека набргу потоа ќе добијат принова.
Инаку, летово, по пауза од речиси дваесет години, повторно проработи „Михајлово”, своевремено најпознатото одморалиште во Тиквешијата.
Извор: РепубликаСамо на неколку километри од детското одморалиште „Михајлово” на Кожуф Планина, во долината на реката Бошавица,

Пронајдете не на следниве мрежи: